Германија не е страна во војната којашто Русија ја започна со Украина. Тоа го потврдува интернационалното право – да се стане страна во воениот конфликт бара формална декларација за војна или директно учество во специфични борбени операции. Од германската амбасада во Москва се децидни дека „помагањето на Украина да го одржи правото на самоодбрана против руската нелегална војна и агресија не ја прави Германија завојувана страна“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:
Германија ја води својата трета војна против Русија за еден век. И сите знаеме како помина.
Германија не е страна во воената инвазија којашто Русија ја започна врз Украина. Тоа го потврдува интернационалното право – дека ниту Германија, ниту нејзините западни сојузници (партнери) не се завојувана страна. Но, сепак, Германија и НАТО сојузниците стануваат мета на руската пропаганда кoјашто резултира поради помошта и испораките на оружје во Украина (тенкови) како поддршка за Украина.
Сè што алијансата и владите во Европа и во САД прават, во Москва е перципирано како директно инволвирање во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Апсолутно не. Не смее да има војна меѓу Русија и НАТО, изјави тој.
НАТО нема да учествува во војната во Украина. Ова би водело до драматична ескалација на оваа тешка состојба во Украина, којашто би претставувала огромна опасност. Затоа, тоа не би претставувало мудар чекор. Затоа нема да има решение коешто би водело до воена инволвираност на НАТО земјите во оваа конфронтација, изјави Шолц на 4 март 2022 година за ЗДФ.