Сликата „Без наслов (жолто и сино)“ е на авторот Марк Ротко, изработена во 1954 година. Вистина е дека била продадена за 46,5 милиони долари, но во мај 2015 година, а не сега. Па иако аукцијата се случила пред седум години, сепак сега во 2022 година таа повторно се актуелизира со цел да се манипулира на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
На Фејсбук објава прикажана е уметничка слика од авторот Марк Ротко за која се тврди дека е безвредна и дека станува збор за перење пари. Притоа, објавата е без контекст, а бидејќи уметничката слика потсетува на знамето на Украина, корисниците на социјалните мрежи добиваат погрешен впечаток.
Уметност или перење пари? Земеш нешто безвредно и му дадеш огромна вредност.. Сликата подоле се продаде за 46 милиони долари
Фотографии од ова дело почнаа да кружат на социјалните мрежи по почетокот на конфликтот во Украина на 24 февруари, заедно со натписи за неговата цена. Сепак, тие се поставени без контекст, што натера некои луѓе да веруваат дека е купено со политички намери поврзани со Украина. Таква е објавата која што е предмет на оваа рецензија.
Сликата „Без наслов (жолто и сино)“ е на авторот Марк Ротко изработена во 1954 година. Вистина е дека била продадена за 46,5 милиони долари, но во мај 2015 година, а не сега. Па, иако аукцијата се случила пред седум години, сепак, сега во 2022 година таа повторно се актуелизира со цел да се манипулира на социјалните мрежи.
Не е првпат оваа фотографија од продажбата на уметничкото дело да се споделува на социјалните мрежи без контекст откако почна руската инвазија во Украина. Такви вирални објави се забележуваат тука и тука.
Портпаролот на мултинационалната компанија за ликовни уметности Сотби за Ројтерс ја потврдил продажбата на сликата:
Уметничката слика беше продадена во мај 2015 година како дел од вечерната аукција на современата уметност на Сотби. И да, крајната цена беше 46,5 милиони долари.
Коментарите, под објавата што ја рецензираме, потврдуваат дека корисниците на социјалните мрежи веруваат дека сликата е или создадена или продадена во време на руската инвазија на Украина. На пример, еден корисник напиша:„Украинска апстрактна уметност“, друг напиша „3 во 1 .. Перење Мозок, перење пари и лажна емпатија или едноставно кажано глобалистичка агенда ..“, а трет „Класично перење пари – па тоа е Украина перење на пари“.
Во објавата се тврди и дека станува збор за перење пари. Но, за тоа нема никакви докази. Исто така, без никакви докази се тврди дека уметничкото дело е безвредно. Проценувањето на вредноста на одредено уметничко дело не е нешто што се решава преку Фејсбук објава и коментирање на истата. За тоа постојат стручни лица, односно проценители за видот на уметничкото дело. Тие го оценуваат делото и даваат писмена изјава за неговата вредност. Сумата зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ја состојбата на предметот, личните интереси и на продавачот и на купувачот, како и трендовите на пазарот.
Апстрактот од 46,5 милиони долари на Марк Ротко, претходно му припаѓаше на американскиот банкар Пол Мелон, а подоцна и на францускиот директор за луксуз, Франсоа Пино. Последниот купувач на Ротко е анонимен азиски колекционер, кој наддаваше двајца ривали за да го добие делото. Ротко, „Без наслов (жолто и сино)“ од 1954 година, го содржи потписот на апстрактниот експресионист од матни, шарени правоаголници и се очекувало да биде продадено помеѓу 40 и 60 милиони долари.
Оваа објава ја оценуваме како манипулативна, односно сметаме дека ѝ недостига контекст, бидејќи намерно се споделува дело изработено пред речиси 70 години, продадено пред 7 години, за да настане забуна и да се манипулира јавноста.