Со фотошопирана фотографија се лаже јавноста дека Зеленски учествувал на геј парада

Published on:

Постот е придружен со фотографија на која позираат неколку лица на геј парада. На фотографијата има личност со ликот на Зеленски. Вистиномер ја побара истата фотографија преку пребарувачот Тин ај и пронајдовме дека истата е направена во 2006 година, a не во 1999 година, како што се тврди во постот. На оригиналната фотографија го нема Зеленски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека претседателот на Украина Володимир Зеленски, бил фотографиран на геј парада во 1999 година. Нашата проверка покажа дека ваквото тврдење не е точно.

Постот е придружен со фотографија на која позираат неколку лица на геј парада. На фотографијата има личност со ликот на Зеленски. Вистиномер ја побара истата фотографија преку пребарувачот Тин ај, и пронајдовме дека истата не e направена во 1999 година, како што се тврди во постот, а на оригиналната фотографија го нема Зеленски. Фотографијата која им е сервирана на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук е со изменета содржина (altered content) односно фотошопирана со ликот на украинскиот претседател.

На Фликр можете да најдете неколку фотографии од истиот настан со истите луѓе, но на ниедна го нема Зеленски. Го има и ликот, чие лице е заменето (фотошопирано) со она на украинскиот претседател. На овие фотографии пишува дека тие се направени во 2006 година.

Фотографии, објавени во 2014 година, од истата парада за која се тврди дека се одржала во Њујорк, можете да видите и тука.

Ваквата објава која е многу вирална на социјалната мрежа Фејсбук, онака како што е пласирана ги манипулира корисниците преку видоизменетата фотографија. Поради тоа постот кој го анализираме го оценуваме како невистинит.

Related