Не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”. Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, што може да се види од извештајот на руското Министерство за одбрана објавен на 10 септември. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година и оттогаш се поминати речиси седум месеци месеци, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
„Веќе 830 украински борбени возила со повеќе ракетни системи за лансирање се уништени во текот на руската специјална воена операција.“
Вистиномер пристапи на официјалната страница на Министерството за одбрана на Русија до извештајот на кој што се повикува текстот во постот што го рецензираме. Извештајот е објавен во сабота, на 10 септември 2022 година. Во самиот извештај руското Министерство за одбрана во последниот пасус пишува дека воената опрема е уништена „за време на специјалната воена операција“, односно горецитираните бројки се однесуваат од почетокот на воената инвазија до денес, а не за еден ден, како што невистинито се тврди во написот од постот кој го рецензираме.
Оттука оценуваме дека не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”. Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година и оттогаш се поминати речиси седум месеци.