Јашари за „Слободен печат“: Имаме актери со злонамерни агенди кои продолжуваат да радикализираат различни групи во земјата

Published on:

Директорот на „Фондацијата Метаморфозис“, Бардил Јашари во изјава за „Слободен печат“ вели дека во Северна Македонија имаме многу ниско медиумско образование, плодна почва за теории на заговор, недоверба во институциите, опаѓање на квалитетот на новинарството и голем број извори на дезинформации како и разни актери, домашни и странски, кои ги користат да ги промовираат своите агенди и да ги повлечат позитивните демократски случувања во нашата земја.

Во последниве години, пропагандата фокусирана на критичните политички случувања и настани, како што се избори или референдуми, пандемии, а денес руската агресија врз Украина, радикализираа и продолжуваат да радикализираат различни групи во земјата, но и во регионот, поттикнувајќи инциденти насочени кон запирање на интеграцијата во ЕУ и напуштање на НАТО. Овие актери со злонамерни агенди, кои често имаат потекло од странство, се обидуваат преку кампањи за дезинформација и други видови злонамерни интервенции да ја искористат секоја разлика, дури и најмала причина, да предизвикаат конфликт и радикализација меѓу различни групи граѓани. Додека интернетот и социјалните мрежи се користат како ефикасна алатка за ширење и зајакнување на овие дезинформации за создавање хаос, за предизвикување страв, омраза и ширење на еднострани, но спротивставени мислења кои предизвикуваат конфликт. Ова влијание има за цел да ги наруши тековните процеси на консолидирање на демократските институции, искористување и продлабочување на постоечките етнички, верски, економски и идеолошки или партиски поделби, изјави Јашари за ,,Слободен печат”.

 


Qries

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Related