Вистиномер: Нема информации дека во Украина се борат 79 платеници од РСМ

Published on:

Не е точна изјавата на руското Министерство за одбрана дека од почетокот на руската агресија во Украина се убиени дваесет платеници од Северна Македонија, а дека во Украина да се борат вкупно 79 платеници од РСМ. Зоран Апостолоски од Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот за Portalb.mk изјави дека ова е руска пропаганда. Ваква потврдена информација немаат ниту МНР и МВР, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Како што јавуваат македонските медиуми во РСМ, повикувајќи се на руското Министерство за внатрешни работи, на 16 јуни е одржана средба со новинарите на која Министерството соопшти дека во Украина се регистрирани 79 платеници од Северна Македонија.

„Дваесет и еден платеник од Северна Македонија се убиени од почетокот на руската агресија во Украина. Од 24 февруари, кога почнаа руските напади, во Украина се регистрирани 79 платеници од Северна Македонија. Од нив 19 во меѓувреме ја напуштиле земјата, а во моментов се 39, се вели во деталната табела што ја презентира руското Министерство за секоја земја посебно“, пишува во веста што ја тврди официјална Москва, а која ја преземаа и албанските медиуми.

Информациите за руската агресија во Украина кои доаѓаат од самата држава агресор секогаш треба да се земаат со претпазливост, особено во овој случај кога станува збор за нешто што тешко може да се потврди.

Горенаведената изјава е продолжение на руската пропаганда на оваа тема. Да потсетиме дека од февруари годинава проруските медиуми ширea дезинформации дека „платеници од Западен Балкан се подготвуваат за војна во Украина“.

Тогаш Порталб.мк откри дека овој наратив има своја генеза во руската новинска агенција ТАСС и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Златко Апостолоски за Portalb.mk: Се работи за руска пропаганда

Една од надлежните институции за следење на лица од Северна Македонија кои одат да се борат во странска земја како и повратници од војните е Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот. Координаторот Златко Апостолоски вели дека нема информации дека некој од РСМ се бори во Украина, ниту пак некој се вратил од таму.

„До Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, не е регистриран ниту еден државјанин на РСМ кој отишол во конфликтот во Украина, воопшто нема таква потврдена информација. „Секако дека тоа е тактика на руската пропаганда во овој поглед“, изјави Златко Апостолоски, координатор на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Од МНР, иако потенцираат дека постојано ја следат состојбата со руската агресија во Украина преку амбасадата на РСМ во Украина, нагласија дека немаат такви информации, односно, ниту еден државјанин на РСМ не учествува во војната во Украина.

„Министерството за надворешни работи нема релевантни информации за евентуалното учество на наши граѓани во војната во Украина, ниту за наши граѓани кои загинаа во војната. МНР континуирано и будно ја следи состојбата, преку Амбасадата во Украина. Откако ќе има нови информации, јавноста ќе биде информирана“, велат од МНР за Portalb.mk.

И од МВР преку телефонски разговор ни потврдија дека немаат такви информации.

Инаку, во оваа изјава на официјална Москва се чини дека се искористени клучните елементи на нивниот наратив за Западен Балкан како што е илустрирано во истражувањето на „Стратком“ (НАТО Центарот за стратешки комуникации), и тоа дека Западен Балкан е арена на конфликт на интереси меѓу Истокот и Западот, земјите од Западен Балкан се слаби, неспособни и корумпирани, ЕУ/НАТО се слаби и не обединети, НАТО е агресивна и провокативна.

Related

Leave a Reply

Please enter your comment!
Please enter your name here